Skip to content

Чкртате со забите ноќе? Можеби не е стрес, туку недостаток на магнезиум

1 мин. читање
Сподели
Чкртате со забите ноќе? Можеби не е стрес, туку недостаток на магнезиум

Се будиш со болка во вилицата, затегнатост во лицето, вкочанет врат и главоболка уште пред кафето. Повеќето луѓе ова го нормализираат и го припишуваат на стрес или на лошо спиење. Но зад чкртањето со забите – познато како бруксизам – често стои нешто помалку очигледно: недостаток на магнезиум.

Магнезиумот е клучен за десетици процеси во телото, но најважно е тоа што го регулира нервниот систем и ја одржува рамнотежата меѓу затегнување и опуштање на мускулите. „Кога нивоата се ниски, телото може да заглави во постојана состојба на напнатост”, објаснува фармацевтка и нутриционистка. Со малку магнезиум, вилицата тешко се опушта, а нервниот систем останува преактивиран – идеален терен за ноќно чкртање.

„Бруксизмот не е секогаш само стрес”, нагласуваат стручњаците. Многу возрасни денес имаат преактивиран нервен систем и мускули што се речиси постојано во грч. Недостатокот на магнезиум е особено чест кај жените, поради хормонални промени, употреба на контрацепција, проблеми со варењето или исхрана сиромашна со минерали.

Сепак, тука доаѓа и важна претпазливост. Лекарите предупредуваат дека ниеден додаток не е целосно решение за бруксизам – научните докази дека самиот магнезиум го отстранува проблемот се недоволни. Тоа значи: ако чкртате со забите редовно, прв чекор е лекар, не аптека. Додатокот може да помогне со мускулната напнатост, но не ја заменува дијагнозата.

Доброто е што магнезиумот не мора да доаѓа од шишенце. Зелениот лиснат зеленчук, мешунките, ореви, семки, интегрални житарки, тиквени и сусамови семки, бадеми и чисто какао се природни извори. Темно чоколадо со висок процент какао е можеби најпријатниот начин да си помогнеш – совет што ретко некој ќе го одбие.