Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Каде е најблискиот контејнер за рециклирање и кои стојат полни со денови? Сè е на една мапа, со податоци што се ажурираат секој ден.
Години наназад „Вардариште“ беше име што Скопјани го поврзуваа со чад и смрдеа. Сега Градот ветува трева. Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија е завршен, а од средината на ноември треба да почне деконтаминацијата – на површина од околу 600.000 квадратни метри.
Планот: ископување и отстранување на отпадот, негов транспорт до „Дрисла“ и заштита на подземните води, со рок до март следната година. Работата нема да ја води Градот, туку Владата, а Градот ќе помага „доколку е потребно“ – тоа им било кажано на претставниците на здружението „Стоп за Вардариште“ на последниот состанок. Како изведувач е најавена германската компанија WTE, која работи и на пречистителната станица, а надзорот ќе го врши француска компанија. Одобрени се 2,5 милиони евра за деконтаминацијата и 7,5 милиони евра за довршување на колекторскиот систем.
Лабораториските анализи на депонискиот гас, изработени од српската фирма „Заштита – Београд“, покажуваат дека концентрациите на метан не се толку високи за да го попречат процесот. Но анализата на „Заштита – Београд“ заклучува дека депонијата не е целосно стабилизирана: присуството на метан и јаглерод диоксид значи дека разградувањето на органската материја сè уште трае.
Од Градот велат дека за првпат досега на „Вардариште“ не бил забележан пожар, благодарение на 24-часовното присуство на градскиот инспекторат. ЈП „Улици и патишта“ треба да го изработи проектот за паркот до почетокот на следната година и јавно да го претстави, а самото уредување би траело седум до осум месеци. Граѓаните ќе можат да даваат предлози.
Ѓубрето оди во „Дрисла“, а „Дрисла“ бара уште пари
Отпадот од „Вардариште“ завршува во „Дрисла“. Истовремено, Град Скопје предлага ЈП „Дрисла“ годинава да добие уште осум милиони денари субвенции, покрај веќе предвидените 22,5 милиони – вкупно 30,5 милиони денари. Предлогот е на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, а за него треба да гласаат градските советници. За модернизацијата на „Дрисла“ Градот засега анализира модели, меѓу кои и оној што се применува во Љубљана.
Отворено останува и прашањето за луѓето што живеат на „Вардариште“. Нивното иселување, кое требаше да се случи пред неколку месеци, е одложено до создавање на сите неопходни услови. Ѓорѓиевски ветува соодветно згрижување.
Парк наместо депонија е ветување што секој Скопјанец би сакал да го види исполнето. Но рокот за чистење е март, проектот за паркот допрва се црта, иселувањето е одложено, а отпадот само се сели на друга депонија што и самата бара субвенции. Дали за осум месеци ќе никне трева – или нов рок?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Асошиејтед прес и Euronews ги снимија кравите по улиците. Дома, Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство си ја префрлаат...
Наместо да се чекаат до 36 часа за одлука на судот, полицаецот ќе може со усна наредба да го отстрани...
Колку контејнери изгореле, не е кажано, мотивот не е познат, но политичката рамка беше поставена пред полицијата да ги отвори...
Општина Кисела Вода гради мрежа и резервоар за 27,5 милиони денари, Министерството препумпна станица. Досега, летата во Каменик значеле слаб...
Саемот „Вкуси ја традицијата“ чинеше еден милион денари од програмата за рурален развој. Поважно од дегустациите е ветувањето за закон...
Тимови тинејџери тргнуваат од проблеми што секој ги знае, од редиците пред билетарницата до учењето што не стига до секој...
Девојче со скршен глужд, друго со рана на лицето, жена со посекотина на раката. Ветерот дувал силно, но смее ли...
Базен, спортски комплекс, катни гаражи, водовод во Бистрица. „Битола чека“, напишаа активистите. Одговорот од Општината: во тек, во напредна фаза,...
Механизација за поголемите купишта отпад, училишта, јавни претпријатија и фирми на терен. И порака од самиот градоначалник: Прилеп не се...
1.897 пријавени случаи за десет месеци. Новиот закон носи итно отстранување од домот и електронски алки, за кои парите допрва...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.