Skip to content
Мики

Мики Песнички за деца на македонски

Едукативна содржина за деца

Здраво, јас сум Мики, твоето другарче во учењето и откривањето на светот!

Песни со Мики

За родителите

Мики е цртаниот лик на Метла - момче што учи заедно со децата. Секоја песна е кратко цртано видео со Мики и има своја страница со целиот текст, за да можете да пеете заедно.

Песните се направени за најмалите што учат да бројат, да ги препознаваат зборовите и да го откриваат светот околу себе. Во „Мики брои до десет“ бројките стојат пред Мики во полето, а под секоја бројка има корпа со толку јаболка колку што покажува бројката. Во „Мики сака овошје“ Мики пее за црвени цреши, жолти круши, сини сливи и зелено јаболко, а мама и тато пеат заедно со него.

На страниците на Мики нема реклами. Видеата се на каналот Metla KIDS на YouTube, означени како содржина за деца.