Skip to content

Водич за рециклирање

Почетни чекори како да не живееме во ѓубре

Ѓубрето не исчезнува кога ќе го фрлиш - само се сели. Овој водич е првиот чекор: каде е најблискиот контејнер, што оди во која боја и кои контејнери со денови стојат полни. Мапата ја цртаме од јавните податоци на Пакомак и ја освежуваме секој ден.

1.458 контејнери на мапата 103 вендинг машини податоците се ажурираат секој ден

Каде е најблискиот контејнер?

Избери што носиш и дозволи пристап до локацијата. Ги добиваш трите најблиски контејнери со растојание и упатство пешки.

Што носиш?

Без дозвола за локација не можеме да го најдеме најблискиот. Дозволи ја во прелистувачот и обиди се повторно, или побарај го на мапата подолу.

Твојата локација е надвор од Македонија, а Пакомак има контејнери само тука.

Нешто не функционираше. Обиди се повторно за малку.

Најблискиот е подалеку од 800 метри. Ова го бележиме - колку луѓе немаат контејнер во близина е бројка што некој треба да ја види.

Најблиски до тебе

Твојата локација не ја зачувуваме.

Мапа на сите контејнери

Над 80% полн

Се вчитува мапата...

Што оди во која боја

Зелен - стакло

Стаклени шишиња од вода, сок, пиво и вино, тегли од секаква големина, стаклени шишенца од лекови, козметика и парфеми.

Добро е да знаеш

Зелениот контејнер е за стаклена амбалажа. Прозорско стакло, огледала и керамика не се амбалажа и не му припаѓаат. Со скршено стакло внимавај да не се исечеш.

Жолт - пластика и лименки

Пластични шишиња од вода и сок, лименки од пиво и сок, конзерви, пакувања од детергенти, шампони и средства за чистење, фолии и пластика за завиткување, најлонски ќеси, пластични чаши и чинии.

Добро е да знаеш

Не мора да ги миеш - амбалажата се мие при преработката, доволно е да е празна. Етикетата исто така може да остане на шишето.

Син - хартија и тетрапак

Картонски кутии од секаков вид, кутии од пица и од јајца, тетрапак од млеко и сок, кутии од патики и бонбониери, пакувања од храна, весници, тетратки, писма, сметки, флаери, постери и стари календари.

Добро е да знаеш

Тетрапакот е композит, но оди во синиот. Хартијата треба да е без остатоци од храна, па кутијата од пица прво испразни ја. Големите кутии расклопи ги - така остава место и за другите.

Кои контејнери стојат полни

Пакомак на контејнерите има сензори што секој ден ја мерат исполнетоста. Нивниот систем означува контејнер за празнење уште на 40% кај стаклото и на 50% кај пластиката и хартијата. Ние броиме нешто многу подоцна: кога контејнерот ќе помине 80% и таму ќе остане. Полн контејнер е покана ѓубрето да заврши до него.

Кој ги празни? Во Скопје - ЈП Комунална хигиена, во Куманово - ЈП Чистота и зеленило, а во другите општини собирачи со кои Пакомак има договор. Затоа покрај секоја општина пишува кој е задолжен за неа.

Стакло

34

контејнери се над 80% полни токму сега

  • 262 стоеле над 80% најмалку 7 дена по ред
  • 169 стоеле над 80% 30 или повеќе дена по ред
  • 1.002 / 1.178 сензори се јавиле во последната недела

Пластика и лименки

43

контејнери се над 80% полни токму сега

  • 129 стоеле над 80% најмалку 7 дена по ред
  • 50 стоеле над 80% 30 или повеќе дена по ред
  • 142 / 215 сензори се јавиле во последната недела

Хартија

20

контејнери се над 80% полни токму сега

  • 46 стоеле над 80% најмалку 7 дена по ред
  • 36 стоеле над 80% 30 или повеќе дена по ред
  • 47 / 65 сензори се јавиле во последната недела

Полни сега - најдолго први

Каде Контејнер Над 80%
Бранко Богдански Гуцман, Куманово Куманово Пластика и лименки 341 дена
Ulica Todor Cipovski-Merdzhan Тетово Стакло 327 дена
Маршал Тито Прилеп Пластика и лименки 327 дена
Матеја Матевски, Скопје Карпош Стакло 279 дена
Благој Илиев Гуне, Куманово Куманово Пластика и лименки 262 дена
1511 10, Скопје Кисела Вода Пластика и лименки 262 дена
Страшо Пинџур, Кавадарци Кавадарци Хартија 262 дена
Кај 5 ти Ноември, Стар Дојран Дојран Пластика и лименки 262 дена
Ulica Marshal Tito 3 Пехчево Стакло 204 дена
Штип Штип Стакло 173 дена
11-ти Ноември, Куманово Куманово Хартија 158 дена
Ulica Biljanovska Куманово Пластика и лименки 127 дена
Ulica Joska Jordanoski 47 Прилеп Стакло 126 дена
11-ти Октомври, Куманово Куманово Хартија 124 дена
Моша Пијаде, Куманово Куманово Хартија 124 дена
Гоце Стојчевски Амбарче, Скопје Карпош Стакло 116 дена
R1102 Велес Хартија 111 дена
R1102 Велес Пластика и лименки 99 дена
Ulica Dimo Gavroski Kara 29 Карпош Стакло 95 дена
3 Македонска Ударна Бригада 110, Куманово Куманово Пластика и лименки 89 дена
Bogovinje Боговиње Хартија 81 дена
Партизанска, Охрид Охрид Стакло 80 дена
М. Соколовски, Штип Штип Хартија 77 дена
Никола Карев, Охрид Охрид Стакло 72 дена
Ulica Mosha Pijade 11 Берово Пластика и лименки 70 дена
Моша Пијаде, Куманово Куманово Хартија 61 дена
Тркање Кочани Стакло 55 дена
Лермонтова, Скопје Центар Стакло 55 дена
Ulica Petre Prlichko 10 Велес Стакло 53 дена
R-1102 Петровец Стакло 51 дена

Општини: колку од времето контејнерите се над 80%

Период: последните 12 месеци

  1. Дебар 39,3% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 11 контејнери

  2. Куманово 31,5% од деновите

    Празни: ЈП Чистота и зеленило Куманово · 39 контејнери

  3. Сарај 23,6% од деновите

    Празни: ЈП Комунална хигиена Скопје · 10 контејнери

  4. Кавадарци 20,9% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 22 контејнери

  5. Сопиште 19,6% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 21 контејнери

  6. Охрид 18,5% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 63 контејнери

  7. Гази Баба 18,3% од деновите

    Празни: ЈП Комунална хигиена Скопје · 87 контејнери

  8. Карпош 17,7% од деновите

    Празни: ЈП Комунална хигиена Скопје · 110 контејнери

  9. Делчево 15,5% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 16 контејнери

  10. Брвеница 13,6% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 9 контејнери

  11. Боговиње 13,5% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 14 контејнери

  12. Берово 12,1% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 25 контејнери

  13. Штип 11,8% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 99 контејнери

  14. Кичево 11,5% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 19 контејнери

  15. Дојран 11,3% од деновите

    Празни: собирач - партнер на Пакомак · 13 контејнери

Како ги броиме

Го земаме последното мерење од секој ден. Ако сензорот еден ден не се јави, низата се прекинува - мртов сензор не може да измисли полн контејнер. Сензорите што скокаат директно од 0% на 100% и назад, или со месеци покажуваат иста бројка, ги вадиме од рангирањата: тоа е грешка на уредот, не на собирачот. Општините ги подредуваме според тоа колкав дел од деновите нивните контејнери биле над 80%, во последните 12 месеци.

50 сензори со неверодостојни мерења се исклучени од рангирањата.

Колку сте далеку од контејнер

Секој што ќе притисне „Најди најблиски“ ни кажува колку е далеку од контејнер. Ако најблискиот е подалеку од 800 метри - десетина минути пешки со полна кеса - го броиме. Локацијата не ја зачувуваме, само растојанието.

Стакло

0

подалеку од 800 м

9 пребарувања

Пластика и лименки

2

подалеку од 800 м

9 пребарувања

Хартија

13

подалеку од 800 м

17 пребарувања

Вендинг машини

1

подалеку од 800 м

2 пребарувања

Вендинг машини: шишиња и лименки за поени

Пластичните шишиња и лименките можеш да ги вратиш и во повратните вендинг машини на Пакомак, во маркетите. Ја симнуваш бесплатната апликација Екомак, го скенираш својот личен баркод на машината и ги ставаш шишињата и лименките. За тоа добиваш зелени поени, кои се менуваат за ваучери за попуст во маркети, попусти за комунални сметки или донации.

Шишето се става со капачето свртено кон отворот на машината. Ако машината одеднаш не прима, можеби само ѝ се наполнила кесата - тоа го признава и самиот Пакомак.

103 вендинг машини · 96 локации

Што со е-отпадот, батериите и старата облека

Електронски отпад

Стар фрижидер, телевизор или телефон не оди во ниеден од трите контејнери. Нула Отпад бесплатно го зема електронскиот отпад од прагот на твојот дом, насекаде во државата: уредот треба да е цел, исклучен од струја и вода и лесно достапен. Се пријавува на 070 236 000 или преку формуларот на nulaotpad.com.mk. Елколект има бесплатни собирни места во основни училишта и општински магацини, со зелена линија 071 263 500.

Кога купуваш нов уред, продавницата е должна бесплатно да го земе стариот од ист вид, а ако ти го носи дома, мора да понуди да го однесе стариот. Продавниците поголеми од 400 м² мора да примаат мали уреди до 25 сантиметри, дури и ако ништо не купуваш. Во Скопје крупниот отпад од дома можеш и сам да го однесеш во рециклажните дворови на Комунална хигиена во Карпош и Вардариште.

Батерии

Батериите не се фрлаат ни во мешаното ѓубре, ни во жолтиот контејнер. Нула Отпад има дозвола и за батерии и акумулатори, па ги зема заедно со електронскиот отпад. Собери ги во тегла дома и предај ги со следниот стар уред.

Облека и текстил

Карпош има контејнери за стара облека и текстил во сите десет основни училишта, во градинките и пред општинската зграда. До септември 2026 во нив се собрани 3.500 килограми. Облека што уште може да се носи подобро подари ја.

Што се случува потоа

Трите бои се само почетокот. Според Државниот завод за статистика, во 2025 година во Македонија се собрани 639.668 тони комунален отпад, а 99,8% од него завршил на депонија.

Селектираното оди на друг пат. Пакомак пишува дека во државата има малку капацитети за рециклирање хартија и пластика, а за стаклена амбалажа нема ниеден, па поголемиот дел од собраниот отпад од пакување се извезува.

Затоа има смисла да не мешаш: една кеса мешано ѓубре во жолтиот контејнер ја валка и пластиката околу неа. А кога контејнерот стои полн со недели, ни најдобрата селекција не помага - и затоа ги следиме и нив.

Чести прашања

Притисни „Најди најблиски“ горе на страницата, избери боја и дозволи пристап до локацијата. Ќе ги добиеш трите најблиски контејнери со растојание и упатство пешки. Сите се и на мапата.

Не. Според Пакомак, амбалажата се мие при преработката - доволно е да е празна, без течност во неа.

Не. Материјалите се раздвојуваат при обработката, па етикетата може да остане. Најважно е шишето да е празно.

Во синиот контејнер. Тетрапакот е композит, но Пакомак го собира заедно со хартијата.

Во жолтиот контејнер, заедно со другата пластика.

Не го оставај отпадот до него - провери го следниот најблизок на мапата. Пакомак бара проблемите со контејнерите да му се пријават писмено, со точна локација, а за нередот околу контејнерите одговорно е јавното комунално претпријатие во општината.

Податоци за контејнерите и вендинг машините: Пакомак (јавна ГИС-мапа). Ажурирано: 09.11.2026