Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Потрагата по следниот Џејмс Бонд повторно ја разгорува јавноста, а според најновите податоци од обложувалниците, британскиот актер Калум Тарнер се појавува како изненадувачки фаворит за престижната улога. Тарнер, познат по серијата „Вечноста“ и вереник на пејачката Дуа Липа, повторно е во фокусот на медиумите откако компанијата „Корал“ ги намали неговите квоти од 5-2 на 7-4, поради големо зголемување на облозите во изминатите 24 часа.
Иако Тарнер не беше меѓу најистакнатите имиња во претходните шпекулации, неговата неодамнешна улога како романтичен партнер на Елизабет Олсен повторно ги зајакна гласините дека токму тој би можел да биде новиот агент 007.
И покрај ненадејниот раст на популарноста на Тарнер, и другите кандидати остануваат високо на листите. Моменталните квоти на „Корал“ се следниве:
Арон Тејлор-Џонсон – 3-1
Тео Џејмс – 3-1
Хенри Кавил – 6-1
Ентони Бојл – 10-1
Харис Дикинсон – 12-1
Џек Лоуден – 16-1
Џејмс Нортон – 16-1
Овие имиња се споменуваат со месеци, но променливите квоти и зголемените обложувања покажуваат дека јавноста и понатаму е силно заинтересирана за изборот на следниот Бонд.
По преземањето на Бонд-франшизата од „Амазон МГМ Студиос“ и повлекувањето на долгогодишната продуцентка Барбара Броколи, иднината на серијалот кратко беше неизвесна. Сепак, официјално е потврдено дека новото продолжение веќе е во подготвителна фаза.
Новиот филм ќе го режира реномираниот Денис Вилнев, познат по „Дина“, а сценариото ќе го пишува Стивен Најт, креаторот на хит серијата „Peaky Blinders“.
Според информации на „Дејли дејл“, Вилнев има три клучни критериуми за избор на новиот Бонд:
да биде машко,
да биде Британец,
и да биде релативно непознато лице во глобалната филмска индустрија.
Овие критериуми можат да ги намалат шансите за најголемите холивудски ѕвезди, но значително го зголемуваат потенцијалот на Тарнер да стане следниот таен агент 007.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Телевизијата Еј-Би-Си ќе продолжи да го пренесува доделувањето на Оскарите до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то издание...
Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) официјално соопшти дека Израел ќе може да учествува на следниот Евровизиски натпревар во Виена, стана...
На 28 ноември во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица се одржа третото издание на меѓународниот фестивал посветен на првиот македонски...
Постојат многу начини да ја запознаеш една земја – преку нејзината историја, уметност или јазик. Но вистинската култура, онаа што...
Лисабон — град што не можеш само да го посетиш, мораш да го почувствуваш. Иако 24 часа не се доволни,...
Супермен можеби заврши со прикажувањето во кино-салите, но делот од DC Universe сега се подготвува за сезоната на доделување награди....
По претходните спојувања и реструктуирања, „ Warner Bros. Discovery “ е на продажба. Во последните неколку месеци се појавуваат извештаи за купувањето...
Додека сите трчаат кон големите метрополи како Париз, Рим и Барселона, вистинската магија често се крие во малите европски градови...
Во средината на „светската престолнина на автомобилите“, постои мирен остров без возила, дом на 600 жители, 600 коњи и еден...
Многу млади има што купуваат плочи, што нас ни е драго, така што мислам дека сме добри. Скопската урбана легенда Гоце...