Skip to content

Леонардо Дикаприо: Никогаш не сум ги гледал моите филмови, ниту „Титаник“

1 мин. читање
Сподели

Холивудската ѕвезда Леонардо ДиКаприо откри дека никогаш не го гледал филмот „Титаник“, иако токму тој му ја донесе светската слава. 51-годишниот актер го призна тоа во разговор со својата колешка Џенифер Лоренс во емисијата „Actors on Actors“, објавена од Variety и CNN.

За време на разговорот, Лоренс го праша ДиКаприо дали некогаш го гледал легендарниот филм на Џејмс Камерон.
„Не. Никогаш не сум го гледал“, одговори кратко актерот.

„О, мораш. Се обложувам дека сега можеш да го гледаш, толку е добар“, му возврати Лоренс, по што ДиКаприо го објасни својот став:
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. А ти?“

Лоренс призна дека и таа ретко ги гледа своите проекти, додавајќи со хумор дека еднаш, додека била пијана, го пуштила филмот „Американски измами“ за да провери дали е добра актерка. „Го пуштив да си оди, а не се сеќавам кој беше одговорот“, се пошегува таа.

Еден исклучок

Иако речиси никогаш не ги гледа своите филмови, ДиКаприо откри дека постои еден исклучок. Во интервју за Esquire, тој изјави дека филмот „Авијатичарот“ е проект на кој се навраќа.

„Ретко гледам некој од моите филмови, но ‘Авијатичарот’ го имам гледано повеќе од другите. Тој филм беше навистина посебен момент за мене“, рече ДиКаприо.

„Титаник“ – експеримент што стана легенда

Филмот „Титаник“ стана еден од најуспешните во историјата на кинематографијата и ги лансираше ДиКаприо и Кејт Винслет меѓу најголемите светски ѕвезди. Актерот подоцна изјави дека снимањето било голем ризик.

„‘Титаник’ беше експеримент за Кејт и за мене. Доаѓавме од независни филмови. Решивме да го направиме заедно, а резултатот беше нешто што никогаш не можевме да го предвидиме“, изјави ДиКаприо во 2016 година.