Шега или стратегија: Трамп го предлага Марко Рубио за претседател на Куба
12.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Телевизијата Еј-Би-Си ќе продолжи да го пренесува доделувањето на Оскарите до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то издание на најпрестижната филмска награда. Потоа, од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо, со што Оскарите првпат целосно се селат од класичната телевизија на дигитална платформа.
Со новиот договор, Јутјуб станува главна глобална платформа за сите содржини поврзани со Оскарите – вклучувајќи го преносот од црвениот тепих, доделувањето на Гувернерските награди, како и објавувањето на номинациите. Свечената церемонија ќе биде бесплатно достапна за публика ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос и титлување.
„Со ова партнерство Академијата го проширува своето светско достигнување и ја приближува церемонијата до нова публика“, изјавија извршниот директор на Академијата, Бил Крамер, и претседателката Линет Хауел Тејлор.
Иако големите светски настани сè почесто се префрлаат на стриминг-платформи, Оскарите стануваат први од т.н. ‘голема четворка’ што целосно се откажуваат од традиционалното телевизиско емитување. Така, еден од најгледаните културни настани во светот преминува под капата на „Гугл“, преку Јутјуб – платформа со околу две милијарди корисници.
„Ова е културно партнерство што ја слави уметноста и има за цел да инспирира нова генерација филмски автори и публика“, изјави извршниот директор на Јутјуб, Нил Мохан.
Од Еј-Би-Си засега не коментираат за одлуката на Американската академија за филмски уметности и науки. Телевизијата го емитуваше доделувањето на Оскарите речиси без прекин од 1961 година, со исклучок на периодот од 1971 до 1975 година, кога преносот беше на Ен-Би-Си.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) официјално соопшти дека Израел ќе може да учествува на следниот Евровизиски натпревар во Виена, стана...
Потрагата по следниот Џејмс Бонд повторно ја разгорува јавноста, а според најновите податоци од обложувалниците, британскиот актер Калум Тарнер се...
На 28 ноември во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица се одржа третото издание на меѓународниот фестивал посветен на првиот македонски...
Постојат многу начини да ја запознаеш една земја – преку нејзината историја, уметност или јазик. Но вистинската култура, онаа што...
Лисабон — град што не можеш само да го посетиш, мораш да го почувствуваш. Иако 24 часа не се доволни,...
Супермен можеби заврши со прикажувањето во кино-салите, но делот од DC Universe сега се подготвува за сезоната на доделување награди....
По претходните спојувања и реструктуирања, „ Warner Bros. Discovery “ е на продажба. Во последните неколку месеци се појавуваат извештаи за купувањето...
Додека сите трчаат кон големите метрополи како Париз, Рим и Барселона, вистинската магија често се крие во малите европски градови...
Во средината на „светската престолнина на автомобилите“, постои мирен остров без возила, дом на 600 жители, 600 коњи и еден...
Многу млади има што купуваат плочи, што нас ни е драго, така што мислам дека сме добри. Скопската урбана легенда Гоце...