Израел се подготвува за тотална инвазија на Либан: Ќе направиме исто што во Газа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Цената на Брент суровата нафта се зголеми за над 25 отсто за само неколку дена и ја надмина границата од 90 долари за барел, откако воените дејствија на Блискиот Исток предизвикаа речиси целосно блокирање на Хормускиот теснец. Во само една недела цената порасна за над 8 отсто, достигнувајќи 92,69 долари за барел — највисоко ниво од 2023 година наваму.
Аналитичарот Боб Мекнели од Рапидан Енерџи Груп предупредува дека „се очекува Брент да достигне 100 долари за барел или повеќе во наредните денови или недели”. Нафтените пазари реагираат на скоро целосното прекинување на поморскиот сообраќај низ Хормускиот теснец — теснец низ кој поминуваат околу 20 милиони барели нафта дневно, или речиси една петтина од глобалната потрошувачка.
Во Персискиот Залив во моментов се видливи само девет празни супертанкери, а алтернативните рути на кои Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги пренасочуваат своите извози можат да покријат само околу една третина од нормалниот волумен.
Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Кааби предупреди дека ако конфликтот продолжи, цените би можеле да достигнат и до 150 долари за барел. Катар веќе прогласи „виша сила” за одредени испораки на течен природен гас. Аналитичарите на Голдман Сакс исто така предупредуваат дека цената ќе ја надмине границата од 100 долари доколку кризата не се разреши.
Последиците не се ограничени само на нафтата. Дизелот поскапи за преку 50 отсто за само неделава, авионскиот керозин во некои региони ја надмина цената од 200 долари за барел, а европскиот природен гас порасна за приближно 67 отсто. Експертите предупредуваат дека продолжувањето на енергетскиот шок ќе доведе до раст на инфлацијата, повисоки цени на храната и транспортот и намалена индустриска производња насекаде во светот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Златото продолжува со умерен раст, достигнувајќи историски рекорди над 5.000 долари по унца, поттикнато од нафтената криза, геополитичките тензии и...
Наредниот понеделник се очекува ново зголемување на цените на деривати. ДУИ бара линеарно зголемување на платите за 3.500 денари, замрзнување...
Меѓународната агенција за енергија прогласи најголемо ослободување на нафтени резерви во историјата - 400 милиони барели, бидејќи конфликтот ги запре...
Конфликтот на Блискиот исток ги поттурна цените на нафтата Brent над 107 долари по барел, а затвореноста на Хормускиот теснец...
Нафтата Brent падна на 86,92 долари по барел откако МАЕ ги разгледа стратешките резерви, иако претходно оваа недела цените скокнаа...
По рекордниот пораст на нафтата на 119,50 долари за барел, Регулаторната комисија за енергетика одреди ново зголемување на цените на...
Кувајт намали производство за 100.000 барели дневно, ОАЕ менуваат рути за извоз — нафтата достигна 93 долари по барел, највисоко...
Затворањето на Хормускиот теснец доведе до алармантна состојба со снабдувањето со свежи прехранбени производи во Дубаи и другите земји во...
Светскиот пазар на нафта забележа скок од 16 отсто откако ескалираше конфликтот во Иран, но американскиот претседател изјави дека зголемувањето...
Затворањето на Ормусовиот теснец предизвика паника меѓу британските возачи, додека европските аналитичари дискутираат за алтернативни нафтени рути и можен глобален...