Skip to content

Армиски хеликоптери го изгаснаа пожарот на Јабланица со 16 налети, локализиран и пожарот кај Смилево

0 мин. читање
Сподели

Пожарот на планината Јабланица е локализиран, откако воени хеликоптери извршија 16 налети и истурија 16 ведра вода во траење од три часа. На терен дејствуваа и противпожарни единици од Струга и 12 вработени во ЈП Национални шуми.

Кризниот штаб соопшти дека во текот на денот евидентирани се три пожари на отворено низ земјата. Покрај кај Јабланица, во Битолскиот регион беше локализиран пожар во дабова шума во близина на манастирот „Св. Димитрија” во селото Смилево. Петмина шумарски работници и двајца пожарникари од Демир Хисар останаа на приправност на теренот.

Во Гевгелиско, противпожарната единица интервенираше поради пожар во тревести површини на отворено поле, со ангажирање на двајца противпожарни работници со едно возило.

Пожарите доаѓаат среде необично суво и ветровито пролетно време. Армиските хеликоптери со нивната брза интервенција спречија поголемо ширење на пожарот на Јабланица, пренесе Центарот за управување со кризи.