Skip to content

Горивата повторно поскапуваат: Граѓаните платиле 3 милиони евра повеќе за дизел

1 мин. читање
Сподели

Граѓаните платиле околу 3 милиони евра повеќе поради поскапувањето на дизелот, а Владата цела недела не презела никакви мерки за цените на горивата, реагираше СДСМ.

Опозицијата тврди дека поскапувањето веќе има директни последици врз цените на основните производи, наведувајќи како пример дека „цената на масло за готвење надмина 100 денари”.

СДСМ претходно предложи пакет мерки вклучувајќи намалување на ДДВ на горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за четири денари и намалување на ДДВ на основни прехранбени производи.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе заседава во понеделник за да донесе нови цени на горивата. Тековните цени од 10 март изнесуваат 79,5 денари за литар Еуросупер БС-95, 81,5 денари за БС-98, 85,5 денари за еуродизел и 82,5 денари за екстра лесно масло за домаќинства.

Глобалните цени на нафтата продолжуваат да растат, со суровата нафта која неодамна го надмина нивото од 100 долари за барел. Конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата околу Ормускиот Теснец ги ограничуваат можностите за значително намалување на домашните цени.