Skip to content

Македонец уапсен во Грција: Возел мотоцикл со 223 км/ч

1 мин. читање
Сподели

Македонски државјанин е уапсен во Грција откако бил фатен како вози мотоцикл со брзина од 223 километри на час на место каде ограничувањето е 110 километри на час.

49-годишниот Македонец бил запрен на автопатот Солун-Евзони, на патот кон граничниот премин со Македонија за излез од Грција, каде возел со приближно двојна дозволена брзина.

Државната телевизија ЕРТ соопшти дека на уапсеното лице му се одземени возачката дозвола и регистарските таблички, добило казна од 700 евра и истиот ден ќе биде изведено пред јавен обвинител.

Регионалната полициска дирекција на централна Македонија (Грција) објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа радарското мерење со забележаната брзина и мотоциклот на уапсеното лице.