Skip to content

Врховниот суд пресече – 13 години затвор за Васил Јованов за смртта на Фросина

1 мин. читање
Сподели

Врховниот суд ја потврди казната од 13 години затвор за Васил Јованов, возачот кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова на булеварот „Партизанска” во Скопје.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, реагираше по одлуката на социјалните мрежи: „Аздисани убијци – злото во полна сила… Само 65 проценти од максималната казна… Што требаше друго да и стори на ќерка ми за да добие максимална казна?”

Јованов првично беше осуден на 12 години затвор од Основниот кривичен суд во Скопје, а Апелациониот суд подоцна ја зголеми казната за една година на 13 години за тешки кривични дела против јавната безбедност во сообраќајот.

Врховниот суд го одби барањето за вонреден преглед на кривичната пресуда, со што казната станува правосилна. Јованов возел пијан и без возачка дозвола кога ја прегази Фросина.