Skip to content

Артан Груби останува во домашен притвор – сè уште нема даден исказ

1 мин. читање
Сподели

Поранешниот прв заменик-премиер Артан Груби продолжува да биде во домашен притвор со строг полициски надзор 24 часа. Кривичниот суд Скопје го одобри барањето на обвинителството за продолжување на мерката.

Груби, кој се врати во Македонија на 23 февруари по над 14 месеци бегство, се соочува со обвинение во случајот за сомнителни набавки на видео-лотариски апарати (ВЛТ). Според проценката на МВР, државниот буџет претрпел штета поголема од 8 милиони евра.

Иако за вакви кривични дела вообичаено следува притвор во затвор, безбедносните проценки од Службата за државна безбедност и МВР се покажаа одлучувачки. Тие вклучуваат информации за потенцијални закани по животот на Груби, вклучувајќи наводни најмени убијци од соседна земја.

И покрај тоа што неговиот адвокат Гоце Ристевски навести дека одбраната речиси го завршила прегледот на обемната документација, Груби сè уште нема даден исказ пред обвинителството во врска со ниту едно од обвиненијата.