Skip to content

Бојковска: Со намалување на ДДВ за горива на 10% директно го штитиме стандардот

1 мин. читање
Сподели

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, изјави дека со намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, владата директно го штити стандардот на граѓаните во услови на глобална криза.

„Нашата влада и држава најдоа соодветни начини да реагираат за време на оваа криза, покажувајќи подготвеност преку конкретни мерки”, изјави Бојковска во телевизиско гостување. Таа додаде дека ќе има и дополнителни мерки доколку ескалира војната на Блискиот Исток.

Бојковска ја критикуваше опозицијата дека дава предлози кои потоа ги напушта по неколку дена, потсетувајќи дека во 2022 година, кога инфлацијата беше екстремно висока, ДДВ на 2.000 прехранбени производи бил зголемен од 5 на 10 отсто.

Таа заклучи дека Македонија е регионален пример поради одржувањето на најниски и најстабилни цени на горива во споредба со соседните земји.