Skip to content

Убиство во Охрид – доктор од КАРИЛ уапсен за смртта на 76-годишен пензионер

1 мин. читање
Сподели

Полицијата го расчисти убиството во Охрид во кое загина 76-годишен пензионер со иницијали К.М. од улицата „Нада Филева”. Осомничениот, 53-годишен маж со иницијали Ж.Г. од село Брвеница, Тетовско, беше уапсен неколку часа по злосторството.

По издавањето на потерница од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, осомничениот беше лоциран и лишен од слобода во Брвеница. Тој е осомничен за кривичното дело „убиство”.

Телото на жртвата е испратено на обдукција. Според полицијата, „по целосно расветлување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава” против осомничениот.

Според информациите од повеќе извори, осомничениот е доктор од КАРИЛ (Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување), што дополнително го шокира јавноста.