Skip to content

ЕБОР: Македонија меѓу најзагрозените од блискоисточната војна

1 мин. читање
Сподели

Ескалацијата на конфликтот со Иран носи раст на цените на нафтата, нестабилни пазари и ризик од глобална економска криза со долгорочни последици. Македонија е меѓу најзагрозените земји, предупредува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Нападите врз енергетската инфраструктура во Персискиот Залив го нарушија протокот на нафта низ Ормускиот Пролив, низ кој минува приближно една петтина од светското снабдување со нафта.

Економистите предупредуваат дека ова може да доведе до глобална рецесија, повикувајќи се на историските паралели со кризите од 1970-тите години и стагфлацијата. Растот на цените на ѓубривата дополнително ги загрозува земјоделството и достапноста на храна.

Земјите во развој се најпогодени и се принудени да воведуваат енергетски субвенции. Времетраењето на конфликтот и обемот на штетата врз инфраструктурата ќе ги определат долгорочните последици за глобалната економија.