Skip to content

Сè беше шминка – обвинетиот за свирепото убиство во Штип со скандалозни коментари во судницата

1 мин. читање
Сподели

Во Основниот суд во Штип продолжи судењето против 75-годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство на 79-годишната Борјанка Николова, класифицирано како родово базирано насилство.

За време на денешното рочиште беа презентирани клучни докази, вклучувајќи фотографии и видео материјали од местото каде што е пронајдено телото на жртвата. Додека вознемирувачките слики од куќата и дворот беа прикажувани во судницата, обвинетиот ги шокираше присутните со коментарот: „Сè беше шминка“, отфрлајќи ја целата истрага и доказите.

Истрагата утврди дека Николова исчезнала на 5 октомври, а нејзиното тело било пронајдено закопано во дворот на Асанов на 10 ноември, откако полицијата открила траги од крв во неговиот дом.

Во домот на обвинетиот се пронајдени и бизарни предмети, вклучувајќи женска кукла со човечки димензии. Обвинетиот првично признал и покажал каде го скрил телото. Судењето продолжува на 8 април.