Skip to content

СДСМ: Цените растат, а Владата без мерки – поскапо допрва доаѓа

0 мин. читање
Сподели

СДСМ ја критикуваше Владата на Мицкоски поради растот на цените на храната и отсуството на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Секоја посета на пазарот е нов удар врз семејниот буџет. Лебот поскапува, цените на маслото, млекото, јајцата, овошјето и зеленчукот веќе се зголемени, а платите не го следат тој раст”, наведоа од СДСМ.

Партијата предупреди дека високите цени на нафтата на светските берзи најавуваат дека поскапувањата ќе продолжат. Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) соопшти дека глобалните цени на храната растат втор последователен месец, а индексот на жита е зголемен за 5%.

СДСМ укажа дека Македонија е увозно зависна земја и не ги покрива целосно потребите од сопствено производство, што значи дека нов бран поскапувања е неизбежен.

Партијата побара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард и стабилизација на цените.