Skip to content

ДЗР: Не се грижиме за старите – стратегијата истечена во 2020, до 2055 секој трет жител над 65

1 мин. читање
Сподели

Државниот завод за ревизија алармира дека Македонија не се грижи за своето старо население – Националната стратегија за стари лица истекла уште во 2020 година, а во наредните седум години не е усвоен нов документ.

Ревизорскиот извештај открива дека буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра во 2024 година, со очекувања да го надминат овој износ во 2025. Првиот пензиски столб работи со постојано негативно финансиско салдо, што бара континуирани државни субвенции.

Услугите за долгорочна грижа се достапни за помалку од 1% од лицата над 65 години, а услугите за домашна грижа целосно отсуствуваат во 31 општина. Неформалната семејна грижа доминира, додека формалните сервиси се сериозно неразвиени.

Демографските проекции се загрижувачки – до 2055 година, лицата над 65 години ќе сочинуваат повеќе од 34% од населението, додека работоспособното население ќе се намали за приближно 470.000 луѓе. Бројот на лица над 80 години ќе се зголеми шестпати.

ДЗР препорачува сеопфатни реформи: зголемување на возраста за пензионирање, прилагодување на стапките за придонеси, диверзификација на инвестициите во вториот столб и значително проширување на капацитетите за грижа за старите лица.