Skip to content

Пензионерките ги учат децата за велигденските обичаи во работилница во Центар

1 мин. читање
Сподели

Пензионерки од Активот на жени во Општина Центар одржаа едукативно-креативна работилница во ООУ „Киро Глигоров”, каде ги учеа седмодделенците за велигденските обичаи, фарбањето јајца и традиционалните подготовки за празникот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на настанот и ја поздрави иницијативата за меѓугенерациска размена на знаења и традиции.

Работилницата е дел од поширока иницијатива за зачувување на македонските традиции и поврзување на генерациите преку заеднички активности. Пензионерките споделија искуства за традиционалното бојадисување на јајца со природни бои и подготовката на велигденски специјалитети.

Децата активно учествуваа во работилницата, учејќи за значењето на Велигден и домаќинските вештини кои се пренесуваат од генерација на генерација. Настанот заврши со заедничко фарбање јајца и размена на велигденски честитки.