Сејф Сити со резултати: 100 сообраќајки помалку, но 47.000 прекршоци за брзина
13.04.2026
12.04.2026
11.04.2026
11.04.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
12.04.2026
16.11.2025
16.11.2025
Пилотите на германскиот авиопревозник Луфтханза стапија во дводневен штрајк, предизвикувајќи значителни прекини во воздушниот сообраќај низ Европа.
Протестот ги опфаќа пилотите на основната компанија, како и на Луфтханза карго и Луфтханза ситилајн, а започна непосредно по полноќ и ќе продолжи наредните 48 часа. Во рамките на подружницата Евровингс, сите полетувања од германски аеродроми ќе бидат засегнати во текот на денешниот ден.
Се предвидува одложување или откажување на стотици летови, при што најпогодени ќе бидат клучните транспортни центри во Франкфурт и Минхен. Ова е четврти бран протести во корпорацијата од почетокот на тековната година.
Минатата недела, еднодневен штрајк на кабинската посада резултираше со масовно откажување на летовите.
Протестот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит” и се фокусира на прашањата околу платите, пензиското осигурување и надоместоците во подружницата Ситилајн. Патниците кои имаат резервации за летови од Германија се советуваат да ги проверат статусите на своите летови.
Најновите 10 вести од оваа категорија
По масовни протести поради високите цени на горивата, ирската влада одлучи да ги намали акцизите и да го одложи еколошкиот...
Во Вашингтон започнува пролетното заседание на ММФ и Светска банка, со фокус на геополитичките тензии и влијанието врз глобалната економија.
Бројот на биткоин адреси со вредност над милион долари драматично се намали во првиот квартал од 2026 година.
Цените во Америка пораснаа за 0,9 отсто за еден месец, а бензинот забележа историски скок од 21,2 отсто поради нарушувањата...
Премиерот Мицкоски најави намалување на цените на дизелот за 2,5 денари и на бензините за 1,5 денари по литар, истакнувајќи...
Цените на горивата во Европа драстично пораснаа по кризата на Блискиот Исток, со дизел од 2,076 евра по литар, додека...
Дау Џонс порасна за речиси 3 отсто по суспензијата на нападите врз Иран, додека цените на дизелот во ЕУ скокнаа...
Кина прави историски чекор во регулирањето на беспилотните летала, воведувајќи нови стандарди што практично воспоставуваат целосна контрола врз тоа кој...
Државниот завод за ревизија алармира дека буџетските трансфери за пензии достигнаа 690 милиони евра, а услугите за грижа се достапни...
Оптимизмот избледи откако Техеран соопшти дека условите од договорот биле прекршени, а речиси милијарда долари беа вложени во пад на...