Skip to content

ММФ и Светска банка започнуваат пролетно заседание – глобалните ризици во фокус

0 мин. читање
Сподели

Во Вашингтон денеска започнува пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, кое ќе трае до 18 април и ќе собере носители на економските политики од целиот свет.

На состанокот учествуваат гувернери на централни банки, министри за финансии, претставници на приватниот сектор и експерти, кои ќе дискутираат за клучните предизвици на глобалната економија.

Главниот фокус е ставен на стабилизацијата на економскиот раст во услови на геополитички тензии, како и на влијанието на новите технологии врз економијата. Посебно внимание ќе се посвети на конфликтите на Блискиот Исток и нивното влијание врз цените на енергенсите и инфлацијата.

Учесниците ќе разговараат и за улогата на вештачката интелигенција во продуктивноста и пазарот на труд, како и за одржливо финансирање и климатските предизвици.

Се очекува и објавување на клучни извештаи, меѓу кои и прогнозите за глобалната економија, инфлацијата и каматните стапки, што ќе даде насока за економските политики во наредниот период.