Skip to content

Архангел со голем концерт на Стадионот на АРМ на 13 јуни – 35 години на сцена и нов албум

1 мин. читање
Сподели

Архангел, една од најзначајните македонски рок групи, ќе одржи голем самостоен концерт „Срцевина” на Стадионот на АРМ на 13 јуни.

Основана во 1989 година од Ристо Вртев (поранешен вокалист на Мизар), Архангел зад себе има четири албуми и статус на култна група. Нивниот деби албум од 1991 година беше прогласен за најдобар дебитантски албум во поранешна Југославија, а во 1995 освоија награда за најдобра песна и видео.

Групата интензивно работи на петтиот студиски албум, а дел од новите композиции ќе бидат премиерно изведени на овој концерт. Првиот официјален сингл се очекува наскоро.

Билетите се од 1.200 до 1.500 денари на karti.com.mk. Почеток во 20:00 часот.