Skip to content

27 години од НАТО бомбардирањето: Американскиот пилот кој ликуваше по убиството на најмладиот југословенски пилот

1 мин. читање
Сподели

На денешен ден пред 27 години, на 26 март 1999 година, за време на НАТО бомбардирањето на Југославија, американскиот пилот Џефри Хванг соборил два југословенски МиГ-29 авиони. Во еден од нив бил капетанот Зоран Радосавлевиќ, најмладиот пилот во југословенската армија, кој загинал во воздушната борба.

Наместо со почит, Хванг своите две потврдени воздушни победи ги прослави како лични достигнувања – позирајќи насмеан покрај својот F-15C, на кој биле обележани две зелени ѕвезди како симбол на соборените авиони.

Радио-комуникацијата од борбата открива дека Хванг, со повикувачки знак „Dirk One”, ликувал: „Splash Two! Splash Two! MiG-29!” – користејќи воен жаргон за потврда на уништените цели.

Радосавлевиќ доброволно полетал тоа утро заедно со мајорот Слободан Периќ. Двата авиони биле погодени од ракети воздух-воздух. Периќ успеал да се катапултира и преживеал, приземјувајќи се на територија контролирана од српските сили. Радосавлевиќ бил погоден во близина на кокпитот и загинал на лице место. Постхумно бил унапреден во чин на мајор и одликуван со Медал за храброст.