Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Маршот започна во 12:05 часот од плоштадот „Македонија“ и мирно се движеше до Кривичниот суд, поддржан од голем број граѓани. Напред беше носен голем транспарент со фотографиите на жртвите и натписот: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“.
Покрај него, учесниците носеа пораки како: „Тишината е соучество“, „Профит во крв“, „Крени го гласот пред да е касно“, „Ние родителите скапо го плативме данокот на корупцијата“.
Во обраќањето пред Собранието, Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на загинатиот пејач Андреј Ѓорѓиески од ДНК, побара надзорна расправа и формирање анкетна комисија, нагласувајќи дека истрагата останала нецелосна, со многу недоразјаснети околности. „Имаме право на вистина. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината е сокриена,“ рече таа.

Длабоко потресно сведоштво даде и родител на едно од загинатите деца, повикувајќи на сплотеност и борба: „Живеам само за борбата за правда, живеам за борбата мојот син Александар да знае од кого погинал. Не смеам да умрам додека нема правда.“
Протестот го организираа здружението „16 Март 2025“ и иницијативата „Кој е следен“, чиј претставник Борјан Ефтимов жестоко ги критикуваше институциите за одмолкот и неажурноста: „Не можеа да соберат мнозинство ниту за јавна расправа. Подобро да не се вратеа од одморот.“

Пред Кривичниот суд одекнуваа скандирања „Правда за Кочани“. Семејствата повторно побараа транспарентно и брзо судење. „Нашите најмили не се меѓу нас, но нивната судбина не смее да биде скриена зад пропусти или политички интереси. Ние сме нивниот глас и ќе остане јасен и непоколеблив“, изјави Розеа Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.
Судењето, во кое обвинети се 35 физички лица и три компании, започнува за неколку дена. Судот, обвинителството, адвокатите и медиумите веќе ги финализираат подготовките за процесот кој го следи цела држава.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...