Skip to content

„9 милијарди евра во бетон, нула во развој: Македонија гради економска пропаст“

1 мин. читање
Сподели

Според податоците објавени од МИА, во последните пет години, македонските банки имаат пласирано околу 9 милијарди евра во кредити за хипотеки и недвижности.

Овој огромен прилив на пари во градежниот сектор значи дека скоро целиот свеж капитал е „заклучен“ во бетон, наместо да се инвестира во иновации, индустрија, земјоделство или дигитална трансформација.

Реалната економија — која создава извоз, високи плати и одржлив раст — останува без воздух.

Додека банките го хранат градежниот апетит со милијарди, Македонија ризикува да се претвори во земја со многу станови — и малку економија.

Градежната индустрија стана паразит – ја цица ликвидноста од банките и ги блокира сите други сектори.
Фабриките немаа кредити. Паметните технологии немаа поддршка. Земјоделството гладува за инвестиции. Стартапите беграат по фондови и грантови – додека банките полираат уште еден стан во Аеродром како „иновација“.

Системот се измести: од балансирана кредитна политика кон масовна хипотекарна зависност. Банкарството на Македонија е денес изложено, разголено и на работ на криза — сите ја знаеме приказната кога градежништвото стои на кревки темели: само чекате првиот пад на цените на становите… и играта има крај.

Ризикот е препакуван како „развој“.
Но суштината е проста: банките избираат нискоризични колатерали – станови, плацови, згради – наместо да инвестираат во производството, извозот или иновациите. Тоа ја убива економијата – а со неа и секоја шанса за европски стандард.

Пласирани се суми кои достигаат 75% од вкупната актива на банкарскиот сектор – 9 милијарди евра од 12-13 милијарди се врзани во недвижности. Еден потрес во градежниот сектор ќе биде доволен да ги повлече банките во понор, како што тоа се случи во САД (2008) или неодамна во Кина.

Додека банкарите ги полнат портфолијата со хипотеки и градежни заеми, реалната економија – земјоделството, производството, ИТ секторот, иновациите, енергетиката – остануваат на маргините. Државата повторно гради „економски развој“ врз нездрави темели: соеви од бетон, а не идеи, производство и продуктивност.

Бетонската граница мора да постои: Време е за разумни лимити

Македонија не може да си дозволи банкарскиот капитал неограничено да се слива во градежништвото. Да, хипотеките и новите згради создаваат привид на развој, но зад фасадата се крие реалноста: – преполн градежен пазар, зависни банки, задушена економија.

Инвестирањето во недвижности мора да има поставен граница. Систем без контрола си гради свои кризи. Колку подолго продолжува оваа хипотекарна трка, толку повеќе ја загрозуваме иднината — на банките, на стопанството и на луѓето.

Потребен ни е баланс.
Потребни ни се лимити.
Затоа што развојот не се мери со број на згради, туку со здрави компании, квалитетни работни места и економија што стои на сопствени нозе.