Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во последните десеттина дена спроведе 445 засилени инспекциски контроли, со фокус на објектите што се наоѓаат во непосредна близина на основни и средни училишта — места од кои децата најчесто купуваат храна. Резултатите се загрижувачки: изречени се 15 забрани за вршење дејност, а уништени се 696 килограми небезбедна храна и производи од непознати добавувачи.
Контролите покажале сериозни пропусти во голем број објекти. Кај 19 оператори е утврдено пуштање во промет на небезбедна храна, а кај уште 30 се констатирани незадоволителни хигиенски услови. Дури 26 објекти работеле нерегистрирани, без основна правна рамка за продажба на храна.
АХВ открила и дека 16 оператори воопшто не имплементирале процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 32 не бил спроведен ниту задолжителниот здравствено-санитарен преглед на вработените. Во три објекти не била направена задолжителната дезинфекција, дезинсекција и дератизација, а седум не ги исполнувале техничките услови за работа. Несоодветно означена храна била најдена во седум други објекти.
Освен затворањата, Агенцијата изрече и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдените неправилности, како и 23 опомени.
Од АХВ порачуваат дека контролите околу училиштата ќе продолжат со засилен интензитет, со цел децата да имаат пристап до безбедна храна.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...