Skip to content

Алармантно: Секој трет граѓанин во Македонија страда од дебелина

1 мин. читање
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу на стручен симпозиум за дебелината предупреди дека 30 до 35 проценти од населението во Македонија страда од прекумерна тежина, која е поврзана со над 200 заболувања.

„Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети – клучен во справувањето е мултисекторски одговор”, изјави Алиу, нагласувајќи ја врската со кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2.

Министерството за здравство продолжува со поддршка на програмите за дијабетес, обезбедувајќи инсулин, глукагон, игли и ленти за мерење шеќер, со посебен фокус на едукација и контрола на болеста.

Во Охрид неодамна беше отворен прв регионален центар за управување со дебелина во југозападниот дел на земјата, што претставува значаен чекор во борбата против оваа здравствена криза.