Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
По успешната аквизиција спроведена од АЛТА банка АД Белград, Стопанска банка АД Битола и официјално стана дел од АЛТА Груп, една од најдинамичните финансиски групации во регионот. Процесот е реализиран со согласност на Народната банка на Република Северна Македонија и во согласност со сите регулаторни и пазарни стандарди.
„Аквизицијата на Стопанска банка Битола е пресвртница во регионалниот банкарски сектор и темел за европската перспектива на нашата групација. Со ова обединување градиме нова димензија на банкарство – заснована на достапност, доверба и технолошка супериорност,“ изјави Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка и сопственик на групацијата.
Претседателката на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Александра Радевска, оцени дека вклучувањето во системот на АЛТА Груп претставува нова развојна фаза за банката и дополнителна вредност за клиентите и вработените.
„Нè поврзува не само деловната визија, туку и историската и културна блискост на нашите народи, што дава дополнителна сила на ова партнерство,“ изјави Радевска.
Со проширувањето на работењето во Северна Македонија, АЛТА банка најавува дека ќе создаде нови можности за економска соработка меѓу двете земји, со акцент на иновативни финансиски решенија и подобрено корисничко искуство.
Стопанска банка Битола, една од најстарите банки во државата со речиси 80-годишна традиција, задржува континуитет на работењето и својот фокус на поддршка на граѓаните и економијата.
АЛТА Груп, со седиште во Белград, е современа финансиска групација која обединува банкарски, инвестициски и платни услуги, препознатлива како лидер во дигиталните платежни решенија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...