Skip to content

Апасиев: 24 министри во Владата „тежат“ над 4 милиони евра

0 мин. читање
Сподели

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи упати остра критика кон актуелната владина структура, тврдејќи дека имотната состојба на министрите е во силен контраст со животниот стандард на граѓаните.

„Од рубриката ‘Ајде за убави работи да зборуваме’: 24 министри во македонската Влада (сосе премиерот) – тежат над 4 МИЛИОНИ ЕУР само во недвижнини!“, напиша Апасиев.

Во ироничен тон тој додаде и постскриптум: „А ви, душмани, бурек и јогурт“, алудирајќи на, како што често посочува Левица, социјалната нееднаквост и јазот меѓу политичката елита и обичните граѓани.

Објавата на Апасиев предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, во време кога јавноста е чувствителна на теми поврзани со трошоците за живот, платите и имотот на функционерите.