Skip to content

Атлетска трка низ Скопје по повод Денот на македонската борба – 23 Октомври

0 мин. читање
Сподели

По повод Денот на македонската борба, денеска во Скопје ќе се одржи јубилејното, десетто издание на атлетската трка на 5 и 10 километри. Стартот и целта се пред споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена – борец“.

Трката ќе ја опфати централната зона на главниот град: учесниците ќе се движат кон Порта Македонија, преку Плоштад Македонија, Камениот мост, покрај Музејот на македонската борба и Македонскиот народен театар, до мостот „Гоце Делчев“, по што ќе продолжат по кејот на реката Вардар и ќе се вратат назад по истата рута.

Настанот е во организација на Атлетската федерација на Македонија, во соработка со Општина Гази Баба, а целта е преку спортот да се одбележи значајниот државен празник и да се поттикне здравиот начин на живот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поради одржувањето на трката ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на Скопје. Возачите се повикуваат на внимателност и почитување на упатствата на полицијата и организаторите.