Skip to content

Аудито на поранешниот градоначалник Мерко оди на аукција – почетна цена 21.800 евра

1 мин. читање
Сподели

Општината Струга распишала аукција за продажба на Ауди А6 поврзан со поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Почетната цена е поставена на 1.344.636 денари, или приближно 21.800 евра, а аукцијата ќе се одржи на 16 март преку платформата е-ствари.мк, со почеток во 10 часот.

Автомобилот бил купен за 67.000 евра во времето кога Мерко беше на чело на општината – и тоа во период кога сметката на општината беше замрзната. Набавката на луксузното возило предизвика широка јавна полемика. Иако биле поведени правни постапки, судот во Струга утврдил дека Мерко не сноси одговорност за купувањето.

Со приходите од продажбата, општинската управа планира да набави минибус за потребите на општинската администрација и на локалните спортски клубови.

Огласот е објавен во Службен весник, а сите заинтересирани страни можат да учествуваат со поднесување пријава преку платформата е-ствари.мк.