Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“, денеска низ Македонија и македонската дијаспора се одржува традиционалната Бадникова манифестација, која и оваа година ќе обедини илјадници деца, семејства и граѓани во духот на заедништвото, љубовта и радоста по повод Христовото Рождество.
Бадниковите поворки ќе се одржат во повеќе од 80 градови и населени места низ земјава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.
Централната Бадникова поворка во Скопје ќе ги обедини учесниците од речиси сите скопски општини. Градоначалниците и општинските тимови ќе ги пречекаат и даруваат коледарчињата во своите општини, по што со организиран превоз децата и нивните семејства ќе се упатат кон централниот настан.
Формирањето на поворката ќе започне пред Музејот на Град Скопје од 11:30 до 12:00 часот, каде децата ќе добијат божикни ѕвездички и пригодни подароци. Точно напладне, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, поворката ќе тргне по улицата „Македонија“ кон плоштадот „Македонија“.
На плоштадот ќе следува „Божикната авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо со повеќе од 40 уметници, реализирана под уметничко раководство на Владо Дојчиноски.
Бадниковите поворки веќе 16 години се симбол на светлина, детска радост и достоинствено празнување на Бадник, а манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...