Шега или стратегија: Трамп го предлага Марко Рубио за претседател на Куба
12.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава и воспоставија дипломатски односи меѓу двете земји. Информацијата ја соопшти косовската претседателка Вјоса Османи по потпишувањето на заедничкиот документ со премиерот на Бахамите Филип Брејв Дејвис, во главниот град Насау.
Во заедничката изјава се наведува дека дипломатските односи стапуваат во сила веднаш, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Двете држави ја потврдија својата посветеност на принципите на Повелбата на Обединетите нации, вклучувајќи го почитувањето на суверенитетот, еднаквоста на државите и мирното решавање на споровите. Во документот се истакнува и намерата односите да се развиваат врз основа на меѓусебно почитување, реципроцитет и конструктивен ангажман.
Косово и Бахамите најавија продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои политички консултации, трговија и инвестиции, туризам, образование и култура, технологија и иновации, како и соработка во јавниот сектор и размена меѓу граѓаните.
Во соопштението за медиумите се наведува дека двете страни очекуваат да изградат топло и продуктивно партнерство, кое ќе придонесе за интересите на двата народа, како и за јакнење на меѓународниот мир и соработка.
Со ова признавање, Косово добива уште една поддршка на меѓународната сцена. Во текот на оваа година, неговата независност ја признаа и Сирија, Судан и Кенија. Вкупниот број на држави што ја признале независноста на Косово останува предмет на различни толкувања – косовските власти наведуваат 121 земја, додека српските претставници тврдат дека бројката е значително пониска.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бројот на деца родени во Австрија, но без австриско државјанство, се зголемува, а според податоците за 2024 година, тие ќе...
МакедонијаСлајдер Граѓани од Македонија и Србија ѝ должат над 2,5 милиони евра на Општина Ќустендил Градоначалникот на Ќустендил објаснил дека...
Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот, кој започнал во...
Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако нејзините вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на интензивните...
Земјоделците кои протестираат против доцнењето на субвенциите од Европската Унија и други прашања продолжија да ги блокираат патиштата низ Грција...
Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион што летал во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската...
Авионот во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија исчезна од радарот над Анкара по барање за итно...
Хрватскиот државен инспекторат донесе итна одлука за повлекување од пазарот на бебешката формула „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), поради зголемено присуство...
Советот на Европската Унија се обиде да го покрене прашањето за членство на косово, но земјите што не ја признаваат...
Десетици илјади луѓе синоќа протестираа во Будимпешта поради новообјавени информации за долгогодишен скандал со злоупотреба на деца во државни институции,...