Skip to content

Ballet Magnificat во Штип на 20 април – хуманитарен балетски концерт за Кочани

1 мин. читање
Сподели

Хуманитарната турнеја на Ballet Magnificat продолжува во Штип на 20 април, во НУ Центар за култура „Ацо Шопов”.

Професионалната балетска компанија од САД настапува во три македонски града за да собере средства за жртвите од пожарот во Кочани. Целиот приход оди за медицинска нега и поддршка на семејствата.

Билетите чинат 350 денари и се достапни преку karti.com.mk. Почеток во 19:00 часот.