Skip to content

Белата куќа објави анимиран видео: Боулинг метафора за нападите врз Иран

1 мин. читање
Сподели

Официјалниот профил на Белата куќа на платформата X објави кратко анимирано видео во кое нападите врз Иран се прикажани преку метафора на боулинг. Клипот од 34 секунди прикажува ирански функционери во форма на куглани кои ги руши американска кугла украсена со американски знамиња.

Видеото завршува со снимки од вистински ракетни удари и зборот „STRIKE”. Ова е само еден во низата неодамнешни материјали на Белата куќа кои комбинираат вистински снимки од удари врз ирански цели со елементи позајмени од филмови, видеоигри и популарна медиумска култура.

Ваквите содржини се дел од „Операција Гнев Божји”, со која американските официјални лица тврдат дека се насочени кон уништување на иранскиот ракетен арсенал и морнарички капацитети, со цел спречување развој на нуклеарно оружје.