Смртна казна за поранешен претседател: Јужна Кореја пред историска пресуда
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Белгиската влада разгледува можност да изгради или изнајми затвор во странство — најверојатно во Косово или Албанија — со цел да го намали притисокот врз домашниот затворски систем кој е сериозно пренатрупан. Како што објави „Бриселс тајмс“, министерката за правда Анелизе Верлинден и министерката за миграција Анелине ван Босеит се на тридневна мисија на Балканот за да ја проценат подготвеноста на овие земји да прифатат белгиски затвореници и да ја зајакнат соработката во борбата против организираниот криминал.
За време на посетата, планирано е потпишување декларација за намера за заедничко користење на конфискуван имот од криминални активности, вклучувајќи и средства запленети во рамки на истрагите за шифрираната мрежа „SKY ECC“.
Во белгиските затвори моментално има над 13.000 лица, а капацитетот е околу 11.000. Приближно една третина од затворениците се странци без регулиран престој. Владата верува дека префрлањето дел од нив во странство би го олеснило системот.
Планот е инспириран од данскиот модел, според кој Данска од 2021 година изнајмува затворски капацитети во Косово. Сепак, белгиските власти предупредуваат дека сличен проект би барал повеќе години подготовка и значителни средства. Според студија на белгискиот комесар за бегалци, Косово и Албанија се меѓу ретките земји надвор од ЕУ што ги исполнуваат условите за ваков тип соработка.
Иако ваквата мерка би можела да опфати само околу два проценти од вкупната затворска популација, властите сметаат дека тоа би бил чекор кон растоварување на системот. Мисијата засега има истражувачки карактер и не е донесена конечна одлука.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бројот на деца родени во Австрија, но без австриско државјанство, се зголемува, а според податоците за 2024 година, тие ќе...
МакедонијаСлајдер Граѓани од Македонија и Србија ѝ должат над 2,5 милиони евра на Општина Ќустендил Градоначалникот на Ќустендил објаснил дека...
Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот, кој започнал во...
Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако нејзините вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на интензивните...
Земјоделците кои протестираат против доцнењето на субвенциите од Европската Унија и други прашања продолжија да ги блокираат патиштата низ Грција...
Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион што летал во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската...
Авионот во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија исчезна од радарот над Анкара по барање за итно...
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава и воспоставија дипломатски односи меѓу двете земји. Информацијата ја...
Хрватскиот државен инспекторат донесе итна одлука за повлекување од пазарот на бебешката формула „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), поради зголемено присуство...
Советот на Европската Унија се обиде да го покрене прашањето за членство на косово, но земјите што не ја признаваат...