Skip to content

„Без лиценца, но на директорска функција: нови детали во случајот Кузмановски“

1 мин. читање
Сподели

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, моментално нема активна лекарска лиценца, дознава „Слободен печат“.

Според информациите, лиценцата му истекла на 15 март 2025 година, а барањето за нејзино продолжување го поднел дури минатата недела, откако случајот со компромитирачкото видео предизвика негова смена од функцијата.

На официјалната страница на Лекарската комора, името на Кузмановски не се наоѓа меѓу активните носители на лиценца. Од таму потврдија дека постапката за продолжување е во тек, но додека не заврши, докторот нема дозвола да практикува медицина.

Во порака до „Слободен печат“, Кузмановски изјавил:

„Поднесов барање за продолжување, сè е во процедура. Во моментов сум на невролошки конгрес во Охрид, во организацискиот одбор. Ве молам во овој тежок период да ме поштедите, срце и душа давам за работата.“

Проблемот отвора сериозно прашање: дали едно лице може да биде директор на јавна здравствена установа без активна лиценца за работа – и зошто институциите не реагирале порано.