Skip to content

Бездомните кучиња го чинеле Скопје 750.000 евра само во 2025 година

1 мин. читање
Сподели

Скопје има сериозен проблем со бездомните кучиња кој од ден на ден станува поалармантен. Според најновите податоци, Градот Скопје во 2025 година исплатил околу 750.000 евра отштета по 383 судски одлуки поради напади врз граѓани.

Жртвите најчесто се случајни минувачи, меѓу нив и деца, а нападите се случуваат во населби и во близина на училишта. И покрај ова, реакцијата на надлежните институции останува бледа, а проблемот се продлабочува.

Дополнителен аларм е информацијата дека организирани групи истовараат нови, нестерилизирани кучиња низ Скопје, дел од нив дури и со странски маркици.

Иако постои стационарот „Лајка”, јасно е дека тоа не е доволно за справување со проблемот. Јавноста бара итна акција – инспекции на терен, контроли и откривање на оние што намерно го влошуваат проблемот.

Во спротивно, Скопје ќе продолжи да плаќа милиони, а граѓаните ќе живеат во страв од секојдневни напади.