Skip to content

Битолчанец продавал марихуана на затвореници – поднесена кривична пријава

1 мин. читање
Сподели

СВР Битола поднесе кривична пријава против 36-годишниот Т.П. од Битола, осомничен за неовластено производство и продажба на наркотични дроги.

Според информациите од истрагата, осомничениот во текот на 2025 година во повеќе наврати набавувал марихуана од лица од Битола, која потоа ја препродавал на затвореници во Казнено-поправната установа Битола.

Со тоа, тој се товари за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Полицијата продолжува со истрагата за да утврди дали зад неговите активности стои поширока мрежа на снабдување со дрога.