Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
На денешното рочиште за случајот „Кочани“ избувнаа жестоки реакции од дел од бранителите, кои побараа одложување на главната расправа поради тоа што Судот на самиот почеток донесе одлука да ги спои две обвиненија – едното против 34 лица поднесено во јуни, а другото против сопственикот на „Рубикон“, Александар Нацев, поднесено во септември оваа година. По спојувањето, Обвинителството достави интегриран обвинителен акт со прочистена листа на докази, што адвокатите го оценија како документ со кој тие не се запознаени и кој всушност претставува нов обвинителен акт на кој треба да имаат увид пред продолжување на постапката.
Одбраната тврдеше дека не може да се продолжи со расправа без да го видат интегрираниот текст, ниту пак знаат кои од предложените 282 сведоци се редуцирани. Дел од адвокатите оценија дека Обвинителството ја става одбраната и Судот во незавидна ситуација, бидејќи сите докази биле веќе утврдени во претходно потврдените обвинителни акти, а секое повлекување или редуцирање доказ мора формално да им биде доставено. Според нив, постапката може да се доведе во колизија со Законот за кривична постапка ако се продолжи без јасно утврдена и доставена листа на докази, а се постави и прашањето дали со новиот интегриран текст треба да се повтори фазата на оценка.
Неколку адвокати укажаа и на технички проблеми со доказниот материјал, меѓу кои и аудио-разговори на албански јазик без превод, како и несогласувања помеѓу нумерацијата на доказите во листите и материјалот доставен во електронска форма. Бранителите побараа Судот да го задолжи Обвинителството да достави усогласени, печатени и комплетни верзии на сите докази.
Обвинителот Борче Јанев возврати дека во интегрираниот текст нема суштински измени во дејствијата на обвинетите, ниту пак станува збор за нови докази. Тој посочи дека одбраната ќе го добие целиот интегриран текст преку записникот од денешната расправа, пред да почне воведниот говор на Обвинителството, и дека правата на странките не се повредени.
По повлекувањето на Советот на одлучување, Судот го одби барањето за одложување и оцени дека спојувањето на обвиненијата е во интерес на поефикасно и поекономично водење на постапката. Судот истакна дека во интегрираниот обвинителен акт нема промени на дејствијата, квалификацијата или доказите кои би ја довеле одбраната во неповолна положба. Советот го задолжи Обвинителството да обезбеди превод на доказите на албански јазик и да ги достави до сите странки во доволен број примероци. Со оваа одлука, денешната расправа продолжи по веќе утврдениот распоред, а странките ќе можат да поднесат изменети или дополнети листи на докази на следното рочиште по давањето на воведните говори.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...