Skip to content

Британија може да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток против иранските Шахеди

1 мин. читање
Сподели

Британскиот премиер Кир Стармер разгледува можност за испраќање илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток за борба против иранските „Шахед” дронови.

Воените функционери испитуваат дали системот за пресретнување дронови „Октопус”, кој е произведен во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, може да се користи и за зајакнување на британската одбрана против иранските беспилотни летала.

Британските воздушни сили веќе спроведуваат одбранбени акции над Бахреин, каде се наоѓа една од главните британски воени бази во регионот.

Потенцијалното распоредување на „Октопус” системот би претставувало значајно проширување на британското воено ангажирање на Блискиот Исток и би демонстрирало нова примена на технологијата развиена за украинското боиште.