Skip to content

Бројот на жртви од пожарот во тузланскиот дом за стари лица се искачи на 12 – прогласен ден на жалост

0 мин. читање
Сподели

Уште едно лице почина како последица на пожарот што избувна синоќа во пензионерски дом во Тузла, со што бројот на загинати се искачи на 12. Повеќе лица, вклучително и пожарникари и полицајци, се повредени, а четворица се на механичка вентилација и се во критична состојба.

Пожарот избувна на седмиот кат од домот, во одделението за неподвижни лица. Во врска со трагедијата, директорот на установата Мирсад Бакаловиќ поднесе оставка, истакнувајќи дека направиле сè што можеле за да им помогнат на корисниците.

Владата на Тузланскиот Кантон прогласи 6 ноември 2025 година за ден на жалост. На тој ден, институциите и медиумите ќе ја приспособат својата програма, а знамињата ќе бидат истакнати на половина копје.

Политичките и надлежните органи најавија дополнителен надзор на сите установи за социјална помош и мерки за реконструкција на домот. Посебно внимание ќе се посвети на психолошката и социјалната поддршка за семејствата на жртвите и преживеаните.

Од политичката партија „Наша партија“ претходно предупредија за лошите услови во домот, додавајќи дека предупредувањата за безбедност и сместување не биле соодветно слушнати.