Skip to content

Цената на струјата поскапува за 6 проценти?

0 мин. читање
Сподели

ЕВН Хоум доставило официјално барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата до 6 проценти од 1 јануари. Одлуката на регулаторот се очекува да биде донесена до крајот на наредната недела.

Иако поскапувањето речиси сигурно ќе се случи, клучно прашање останува колкав ќе биде конечниот процент и дали Регулаторната комисија целосно ќе го прифати барањето на универзалниот снабдувач.

Во доставеното барање е наведено дека основа за зголемувањето е повисоката цена по која државната компанија ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН. Имено, цената е зголемена за околу 5 проценти – од 62 евра на 65 евра за мегаватчас.

Дополнителен удар врз буџетот на граѓаните ќе има и преку цената на парното греење. Од 1 јануари се очекува и поскапување на парното за околу 6 проценти, што значи дека новата година ќе започне со повисоки трошоци за енергија.

Регулаторната комисија во наредните денови треба да ја разгледа економската оправданост на барањето и да донесе конечна одлука.