Skip to content

Цените на горивата продолжуваат да растат, ДУИ предлага пакет итни мерки за заштита на граѓаните

1 мин. читање
Сподели

Цените на горивата во Македонија продолжуваат да растат – од понеделник се очекува ново зголемување на цените на деривати, бидејќи нафтената криза поврзана со конфликтот на Блискиот исток продолжува да влијае на светскиот пазар.

ДУИ бара итни мерки за заштита на граѓаните: линеарно зголемување на платите за 3.500 денари почнувајќи од мартовските плати, привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи, активирање на државните резерви на нафта набавени под 70 денари по литар, и ваучер од 3.000 денари за работниците кои патуваат надвор од местото на живеење.

“Веќе една недела граѓаните се соочуваат со непрекинат раст на цените на основните производи и деривати, а Министерството за економија и Владата молчат без конкретни мерки за олеснување на притисокот врз семејните буџети” – изјавија од ДУИ.

Партијата нагласи дека станува збор за “остварливи мерки кои можат да се спроведат веднаш доколку постои институционална волја”, истакнувајќи дека граѓаните имаат потреба од брз одговор, а не институционална тишина.