Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Недвижнините и понатаму се најпопуларна форма на инвестиција во Македонија, но и во поголемиот дел од Европа. И покрај високите цени, интересот за купување станови не стивнува – напротив, пазарот бележи рекорден раст.
Според најновите податоци на Народната банка, во третиот квартал од 2025 година цените на становите пораснале за 25,1 процент, што е највисок раст досега.
Во претходните квартали растот изнесувал 19,9 проценти (втор квартал) и 19,5 проценти (прв квартал).
Овие бројки покажуваат дека по умерениот раст во текот на 2024 година, пазарот на недвижнини годинава повторно „експлодира“. Во 2024 година кварталниот раст се движеше меѓу 4,6% и 11,4%, но 2025 година носи двојно побрзо поскапување.
Трендот на раст не е ограничен само на Македонија. Според Евростат, цените на станбените недвижности во Европската Унија во вториот квартал од 2025 година се зголемиле за 5,4% во однос на истиот период лани, а кириите за 3,2%.
Од 2010 година до денес, цените на куќите во ЕУ пораснале за 60,5%, а кириите за 28,8%. Највисок раст е забележан во Унгарија (277%) и Естонија (250%), додека во Италија цените дури паднале за 1%. Кај кириите, најголем раст бележат Естонија (218%), Литванија (192%), Унгарија (125%) и Ирска (117%), додека Грција е единствена членка на ЕУ каде што кириите се намалени – за 9% од 2010 година наваму.
И покрај растот, недвижнините остануваат најсигурното вложување за македонските граѓани – сектор што, барем засега, не покажува знаци на ладење.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...