Skip to content

Цените во угостителството продолжуваат да растат — ново зголемување од 3,9% во октомври

0 мин. читање
Сподели

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година се зголемени за 3,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците, во периодот јануари – октомври 2025, во однос на истиот период во 2024 година, е забележан раст од 5,1%. Во споредба со декември 2024 година, пак, цените се зголемени за 2,1%.

Само во октомври 2025 година, во однос на претходниот месец, угостителските услуги поскапеле за 0,3 проценти, што укажува дека трендот на раст продолжува и во последниот квартал од годината.