Skip to content

Чаир се мобилизира за Рамазан Бајрам: Ноќна акција за чистење

0 мин. читање
Сподели

Општина Чаир се мобилизира за пречекот на Рамазан Бајрам. Градоначалникот Изет Меџити присуствуваше на почетокот на интензивната ноќна акција за чистење на јавните површини.

„Општина Чаир секојдневно се ангажира за одржување и чистење на јавните површини, а ноќеска овој ангажман дополнително се засилува”, изјави градоначалникот. Започнато е темелно чистење на улици, паркови, тротоари и простори околу контејнерите.

Акцијата се реализира во соработка со јавните претпријатија „Комунална хигиена” и „Паркови и зеленило”, како и со ДПД „Бајрам Мифтари”, со ангажирање на сезонски општински работници и соодветна механизација за чистење и миење на улици.