Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Објавена, па подоцна избришана фотографија од средба на пратеничка делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, со тајвански претставници предизвика лавина реакции и дипломатски несогласувања помеѓу Македонија и Народна Република Кина.
Од Кинеската амбасада овој потег на македонската делегација го оценија како погрешен, нагласувајќи дека со него се нарушени начелата на договорот за демократски односи меѓу двете земји. Истовремено, потпретседателот на Собранието беше повикан да ја почитува волјата на народот кој го избрал на таа позиција и не ги нарушува меѓународните односи на државата.
Амбасада на НР Кина во Македонија
„Господинот потпретседател (на Собранието н.з.) често се фали дека е избран претставник, тврдејќи дека ја претставува волјата на македонскиот народ. Тогаш, Ве молиме внимателно слушајте го гласот на народот. Дали грубото кршење на политичките ветувања и договорните обврски е во корист во заштита на меѓународниот имиџ на Северна Македонија? Дали последиците од отвореното поткопување на основните интереси, територијалниот интегритет и националното достоинство на голема сила – додека се повредуваат чувствата на над 1,4 милијарда на пријателски кинески народ – се темелно проценети?“, наведуваат од Кинеската амбасада во земјава во отвореното писмо до Милошоски.
Телевизија 24 го контактираше потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, кој истакна дека официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, но дека избраните претставници во Собранието имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација.
Антонијо Милошоски, потпретседател на Собрание
„Официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет… Но избраните претставници во Собранието на Р. Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, водејќи се од духот на отворена размена на мислења за релевантни меѓународни теми. И на крајот, различните мислења и ставови се нормална и очекувана појава во секое демократско општество. Верувам дека и претставниците на НР Кина ќе ја разберат оваа средба како можност за поголема информираност и за подобро разбирање на теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност“, вели Милошоски.
Со објава на социјалните мрежи се огласи и пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој нагласи дека на средбата се разговарало за можности за унапредување на односите меѓу двете земји.
Инаку, реакцијата на Кинеската амбасада доаѓа во контекст на затегнатите односи помеѓу Кина и Тајван – спор што трае подолг период и во кој се вклучени и меѓународни посредници.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Двајца пешаци избодени во австрискиот град, напаѓачот уапсен, мотивот нејасен.
20-годишна девојка претрпе тешки повреди по пад од станбена зграда, полицијата истражува.
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Една недела по именувањето, Моџтаба Хаменеи сеуште не се појави јавно, а аналитичарите велат дека ИРГЦ ја контролира воената машинерија.
Системот за пресретнување Октопус, развиен за Украина, може да се примени и за одбрана од иранските беспилотни летала.
Американскиот претседател тврди дека Иран сака договор, но тој не е подготвен да го прифати додека условите не бидат поповолни.
Белград стана првата европска држава со кинески ракети CM-400AKG, а Хрватска го покрена прашањето во НАТО.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.