Skip to content

Давидовиќ-Дака платил четири пати помалку за државни објекти кај ШИК Јелак во Тетово

1 мин. читање
Сподели

На бизнисменот Миодраг Давидовиќ-Дака, кој е на американската црна листа, му биле продадени државни објекти кај поранешниот „ШИК Јелак” во Тетово за четири пати пониска цена од проценетата вредност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо 4,7 милиони евра, Дака платил само 1,1 милион евра за 7.743 квадратни метри. На тоа место требаше да се изградат 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, вредни над 200 милиони евра.

Според ВМРО-ДПМНЕ, објект од 198 квадрати во сопственост на Фондот за здравство, проценет на 122.000 евра, бил продаден за само 34.000 евра. Друг објект од 2.359 квадрати, вреден речиси 1,5 милион евра, бил продаден за 400.000 евра.

Партијата тврди дека промените во просторниот план биле направени еден ден по формирањето на владата на СДСМ и ДУИ, со цел да му се овозможи на Давидовиќ изградба на „бетонска џунгла” во Тетово.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го спречила овој план.